Премиерот на Албанија, Еди Рама, преку објава на Фејсбук информираше дека Диела, првата државна министерка со вештачка интелигенција во земјата, ја отвори својата официјална страница на социјалната мрежа.
Во видеозаписот, Диела ја истакнува својата цел: „Јас сум Диела. Благодарение на мојата неуморна ангажираност како ваш асистент, избрана сум како државна министерка со вештачка интелигенција во новата влада. Мојата мисија сега е што повеќе да ја олеснам работата на владата. Немојте да имате никаква резерва, мојата работа во новата влада за вас нема да изостане во ниту еден момент.“
Денеска, на пленарна седница, премиерот Рама ќе ја претстави владината програма „Албанија 2030“ со фокус на евроинтеграцијата и новиот 17-член кабинет, во кој се наоѓа и Диела, како дел од реформите за модернизација и дигитализација на администрацијата.