УТРО.мк

Вода за пиење во Неготино забранета поради непознато загадување

Вода за пиење во Неготино забранета поради непознато загадување
Vero

Јавното претпријатие „Комуналец“ информира дека водата за пиење во дел од улиците во Неготино е забранета за употреба поради присуство на непознат мирис и вкус. Засегнати се улиците Индустриска, Маршал Тито, 29 Ноември, 11 Октомври, Никола Петров, Манчо Малиминов, Душан Јуруков, Димче Мирчев, Гоце Делчев, Питу Гули, Васка Калајџиска и Антигона.

Во соработка со Центарот за јавно здравје Велес и други надлежни институции, се земаат вонредни мостри за анализа, а екипи работат на терен за да се лоцира и санира евентуалниот дефект.

„Апелираме до граѓаните кои варат ракија да не ја користат водата за ладење на вулите и да не оставаат црева во резервоарите за ладење, за да не дојде до дополнително загадување. За вакви случаи ќе следуваат санкции“, се наведува во соопштението на „Комуналец“.

Претпријатието уверува дека се преземаат сите мерки за брзо надминување на проблемот и обезбедување на безбедна вода за граѓаните.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран