На 16.09.2025 во 17:20 часот, во СВР Скопје е пријавено дека во дворно место на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу О.С. (38) и К.Ј. (45), двете од Скопје.
Полицијата презема мерки за целосно документирање на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок, стои во денешниот полициски билтен.