На 17.09.2025 во 22:00 часот, 69-годишен жител на тетовско село пријавил во СВР Тетово дека бил измамен од лице со кое се познавал – А.К. од Тетово.
Според пријавата, уште во 2021 година, А.К. му побарал на заем 5.500 швајцарски франци, ветувајќи дека ќе му ги врати за еден месец. Оттогаш, ниту ги вратил парите, ниту одговарал на телефонските повици.
Полицијата презема мерки за расчистување и целосно документирање на случајот.