УТРО.мк

Ѓорѓиевски и Митески со младите од Аеродром: Заедно за нова енергија и визија

Ѓорѓиевски и Митески со младите од Аеродром: Заедно за нова енергија и визија
Vero

Градоначалникот на Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, заедно со кандидатот за градоначалник на Аеродром, Дејан Митески, синоќа се сретнаа со младите од Аеродром, во атмосфера исполнета со енергија, оптимизам и визија за иднината.

„Нивната енергија и искреност се нашата најголема мотивација и водилка напред. Со младите градиме иднина полна со нови идеи, свежа енергија и визија за подобро утре,“ изјави Ѓорѓиевски.

Тој нагласи дека со заедничка упорност, љубов кон градот и заедништво, победата и промените се неизбежни.

Митески пак истакна дека младите се најсилната поддршка за развој на Аеродром и целото Скопје, уверувајќи дека токму тие ќе бидат носители на новиот бран промени.

Настанот заврши со порака за единство и заедничка борба: „За достоинствено Скопје – најдоброто допрва доаѓа!“

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран