Во рамки на кампањата „Предложи идеја“, денес се остварија средби со граѓаните од урбаните заедници Панде Кајзеро, Благојче Силјановски – Џуџето и Лавци.

Иницијативата има за цел да им овозможи на жителите на Битола директно да ги изнесат своите предлози и иницијативи кои ќе придонесат за унапредување на локалната заедница и подобрување на квалитетот на животот.

„Секој предлог е важен, затоа што заедно ја градиме поубавата и посилна Битола,“ беше пораката од средбите, каде граѓаните активно се вклучија со свои идеи и коментари.

Со ваквиот пристап се зацврстува врската помеѓу локалната самоуправа и граѓаните, а Битола станува пример за транспарентно и инклузивно креирање на локалните политики.