Кајдарчанка го пријавила својот сопруг М.Б. во полиција поради физички напад, закана со остар предмет и поставување ГПС локатор во нејзиното возило, соопшти Секторот за внатрешни работи Велес.
Локаторот бил одземен, а на М.Б., на возраст од 35 години, му била изречена мерка за забрана за приближување кон жртвата.
– „Во ОВР Кавадарци денеска е извршен службен разговор со М.Б., постапувајќи по претходна пријава од неговата 36-годишна сопруга дека во семејниот дом физички ја нападнал и ѝ се заканувал со остар предмет, како и дека во нејзиното возило поставил ГПС локатор“, соопшти полицијата.
Полицијата продолжува со натамошна постапка и преземање на сите неопходни мерки за заштита на жртвата.