УТРО.мк

Скопје: Маж нападнал вработен во казино и бил агресивен кон полицијата

Скопје: Маж нападнал вработен во казино и бил агресивен кон полицијата
Vero

Денеска, во 02:50 часот по полноќ, полициски службеници од СВР Скопје привеле 34-годишниот С.Н. од Скопје. Тој претходно, околу 02:00 часот, физички го нападнал 41-годишниот Т.Н., вработен во казино на подрачјето на Центар.

По нападот, С.Н. се однесувал агресивно и кон полициските службеници кои извршувале службени дејствија. Полицијата информира дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран