УТРО.мк

Србин фатен во Грција, му се закануваат 40 години затвор

Србин фатен во Грција, му се закануваат 40 години затвор
Vero

Грчката полиција уапси Србин во Атина по меѓународна потерница распишана од Интерпол Србија, објави „Прототема“. Идентитетот на уапсениот не е откриен, но тој се бара за повеќе тешки кривични дела, меѓу кои трговија со дрога, поседување оружје, злосторничко здружување и обид за убиство.

Според информациите, уапсениот треба да издржи шестмесечна казна за неовластено поседување наркотици и петгодишна казна за производство, поседување и продажба на дрога, комбинирани со незаконско поседување и трговија со оружје и експлозиви. Освен тоа, ќе му се суди и за злосторничко здружување и обид за тешко убиство, за што се заканува максимална казна од 40 години затвор.

Српските власти го поврзуваат уапсениот со криминална организација активна во Србија од 2019 до 2022 година. Тој е осомничен и за обид за убиство на адвокат во Белград во февруари 2021 година. При претрес на неговиот дом биле пронајдени и запленети големи количини канабис и кокаин подготвени за продажба, како и оружје и муниција.

Лицето е уапсено врз основа на наредба за привремен притвор и ќе биде изведено пред надлежното обвинителство во Атина.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран