УТРО.мк

ШОК ВО ГЕРМАНИЈА: „Мерцедес“ ја гаси фабриката кај Берлин – се сели во Полска

ШОК ВО ГЕРМАНИЈА: „Мерцедес“ ја гаси фабриката кај Берлин – се сели во Полска
Vero

Германскиот автомобилски гигант „Мерцедес-Бенц“ планира до крајот на 2029 година да ја затвори фабриката во Лудвигсфелде, недалеку од Берлин, и да го пресели производството во Полска, јавува полскиот ТВП Ворлд.

Во германскиот погон, каде што моментално работат над 2.200 луѓе, годишно се произведуваат околу 60.000 специјализирани варијанти на комбиња и електрични возила „Спринтер“. Производството на е-Спринтер, електричната верзија на популарното комбе за достава, ќе се премести во Јавор, Полска, каде „Мерцедес“ од 2019 година веќе произведува мотори и батерии за хибридни возила.

Причината за преселбата, според медиумите, се високите трошоци за работна сила во Германија – дури пет пати повисоки во споредба со Полска.

Одлуката предизвика незадоволство кај германските синдикати и локалните власти, а се очекуваат и протести во Лудвигсфелде, град кој со децении зависи од фабриката на „Мерцедес“.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран