УТРО.мк

Обврзничкиот пазар останува неактивен, Витаминка со најголем раст за денот

Обврзничкиот пазар останува неактивен, Витаминка со најголем раст за денот
Vero

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза.

На трговската сесија од 18 септември 2025 година, индексот МБИ10 забележа пад од 0,21%, достигнувајќи ниво од 10.441,42 поени, при вкупен дневен промет од 30,7 милиони денари. Најтргувани беа Макпетрол, Комерцијална банка и Алкалоид, кои доминираа со најголем дел од обемот. Индексот ОМБ остана непроменет на 128,27 поени, додека обврзничкиот пазар повторно беше неактивен, без ниту една реализирана трансакција.

Најтргувани хартии од вредност

● Макпетрол АД Скопје (MPT) – 13.036.800 денари

● Комерцијална банка АД Скопје (KMB) – 2.715.740 денари

● Алкалоид АД Скопје (ALK) – 758.840 денари

Топ 3 добитници

● Витаминка АД Прилеп (VIT) +1,69%

● Раде Кончар АД Скопје (RKC) +0,82%

● Макпетрол АД Скопје (MPT) +0,34%

Топ 3 губитници

● ТТК Банка АД Скопје (TTK) –2,98%

● Реплек АД Скопје (RPK) –2,50%

● Гранит АД Скопје (GRN) –0,35%

Обврзнички пазар

Иако во котација беа присутни повеќе државни обврзници, не беше реализирана ниту една трансакција, поради што индексот ОМБ остана непроменет.

Денешната сесија помина во знакот на концентриран интерес околу неколку поголеми компании – Макпетрол, Комерцијална банка и Алкалоид, кои доминираа во вкупниот дневен промет. Позитивен прираст остварија Витаминка и Раде Кончар, додека губитници беа ТТК Банка и Реплек. И покрај умерената ликвидност на акцискиот пазар, обврзничкиот пазар останува целосно неактивен, а индексот МБИ10 го продолжи движењето во тесен распон.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран