УТРО.мк

Кос: Владеењето на правото останува клучен предизвик за земјите кандидатки од Западен Балкан

Кос: Владеењето на правото останува клучен предизвик за земјите кандидатки од Западен Балкан
Vero

Европската унија продолжува да изразува загриженост за владеењето на правото во земјите-кандидатки, иако евидентен е напредок во оваа област, изјави еврокомесарката за проширување Марта Кос по вчерашниот Совет за општи работи во Брисел посветен на владеењето на правото.

Таа посочи дека патот до членство на земјите од Западен Балкан, вклучувајќи ја Албанија, Црна Гора, Северна Македонија и Србија, ќе зависи во голема мера од напредокот во спроведувањето на владеењето на правото.

На состанокот учествуваше и министерот за европски прашања Орхан Муртезани, кој оцени дека извештајот за Северна Македонија покажува реален напредок, но и дека остануваат предизвици кои не смеат да се занемарат.

Експертите нагласуваат дека усогласувањето со европските стандарди во оваа сфера е од суштинско значење за евроинтегративниот процес и за довербата на граѓаните во институциите.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран