УТРО.мк

Рама: Во комунизмот бевме „Северна Кореја“ на Европа

Рама: Во комунизмот бевме „Северна Кореја“ на Европа
Vero

Тирана – Албанскиот премиер Еди Рама во говор пред студентите на Колеџот на Европа во Бриж изјави дека неговата земја за време на комунистичкиот период била „Северна Кореја во центарот на Европа“.

Рама нагласи дека Албанија денес се подготвува за приклучување кон Европската Унија и ги повика младите да го унапредат европскиот дух. „Се надевам дека пред секое понатамошно стекнато знаење, ќе го негувате европскиот дух. Колку е лесно овој дух да биде поткопан, особено во моменти на криза. Колку е кревка слободата“, изјави тој.

Тој потсети дека Албанија и во 1989 година била изолирана и од Истокот и од Западот, додека другите земји ги отворале границите. „Ние останавме во нашите бункери. Транзицијата што следуваше беше хаотична, па дури и трагична. Демократијата, институциите, владеењето на правото бараат децении“, рече премиерот.

Рама порача дека Европската Унија не е само економска заедница, туку „најсофистицирана машина за трансфер на знаење“, истакнувајќи: „Мора да останеме со ЕУ. Не се откажавме.“

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран