Сплит – Паника го завладеа Сплит откако полицијата доби пријава за маж кој се движи низ улиците на Смоковик со калашников. Пријавата била примена околу 11:30 часот, по што веднаш било испратено полициско присуство на терен.
„Се пребарува подрачјето на Смоковик и Драчевац, но досега лицето не е пронајдено. Во меѓувреме добивме уште две пријави од лица кои индиректно биле запознаени со случајот, а се прегледани сите достапни снимки од видео надзорот“, изјави Тино Милат од полицијата.
Претседателот на градскиот округ Мејаши, Тони Пиплица, упати апел до граѓаните: „Пред непочн лас беше забележано машко лице како шета низ Смоковик со калаников. Сирените од полицијата се огласија и според моите информации, полицијата и натаму трага по него. Ве повикувам сите да останете во домовите и да се тргнете од улиците.“
Граѓаните се повикуваат на внимателност и да ги следат инструкциите на полицијата додека трае потрагата по вооруженото лице.