Скопје – Кривичниот суд Скопје денес соопшти дека за нови 48 часа е продолжен притворот на сите четворица осомничени во постапката за пожарот во Трубарево.
Скопското обвинителство поведе постапка против нив поради основано сомнение дека учествувале во извршување на кривично дело – Загрозување на животната средина и природата. Претходно, судијата на претходна постапка им одреди краткотраен 48-часовен притвор за обезбедување докази.
„Нивните конкретни дејствија се уште се испитуваат, а се истражува и потенцијална одговорност и на други лица“, се наведува во соопштението на Кривичниот суд.