Спасен Силјановски, еден од најпознатите фолк пејачи во Македонија, ја истакна значајноста на македонскиот фолклор и културното наследство во контекст на критиките дека нашите песни не се доволно вреднувани.
„Некој рече дека ние немаме песни, дека нашите песни не се убави, дека никој не ги слуша, дека на нашите песни не се собира народ. Тие што така размислуваат треба да си ја преиспитаат националната свест. Ова се нашите песни во поробена Македонија. Треба и вас некој да ве пороби, да ви забрани, за после да ја сфатите вредноста на македонскиот фолклор и да почнете да се сакате себеси“, рече Силјановски.
Тој нагласи дека македонските песни се повеќе од музика – тие се симбол на културната и националната идентичност на земјата.