Во Тетово започна изградбата на ново фудбалско игралиште со капацитет од 500 гледачи и природна трева, лоцирано веднаш до постојното игралиште на АМС.
На истата локација ќе се изгради и мултифункционално игралиште, како и посебно игралиште за деца.
Со реализацијата на овој проект конечно се решава долгогодишниот проблем на спортските клубови во Тетово, а младите ќе добијат ново место за спорт, дружба и развој.