УТРО.мк

Нов обвинителен предлог за Мерко – нелегално осветлување на Црн Дрим, оштетена општинската каса за 6,7 милиони денари

Нов обвинителен предлог за Мерко – нелегално осветлување на Црн Дрим, оштетена општинската каса за 6,7 милиони денари
Vero

Основното јавно обвинителство Струга поднесе обвинителен предлог против градоначалникот на Општина Струга, Мерко, за кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување.

Обвинението се однесува на периодот од 1 април 2021 до 27 јуни 2022 година, кога Мерко пречекорил свои овластувања и склучил договор за осветлување на дел од речното корито на Црн Дрим без водостопанска согласност од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Избраната фирма поставила 300 светлински арматури на должина од по 900 метри од двете страни на коритото, што негативно влијаело на режимот на водите, морфологијата на водното тло и хидро-биолошкиот систем во реката. За изведбата на проектот на правно лице од село Мислодежда биле исплатени 6.763.722 денари, со што бил оштетен буџетот на Општина Струга.

Обвинителството најави дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна судска постапка.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран