УТРО.мк

Балканските купувачи на имоти во Грција под лупа на властите поради нелегално изнајмување

Балканските купувачи на имоти во Грција под лупа на властите поради нелегално изнајмување
Vero

Грчките власти започнуваат поостри проверки на изнајмувањето на недвижности во сопственост на граѓани од Балканот, поради растечкиот број нелегални издавања под наем.

Последниве години, граѓаните на Србија, Бугарија, Македонија и Романија покажуваат силен интерес за купување станови и куќи во Грција, најчесто на северот и на Халкидики, каде просечната цена по квадратен метар изнесува околу 2.600 евра. Купувачите најчесто ги користат имотите за одмор, но и за дополнителна заработка преку издавање на туристи.

Проблемот, според грчките медиуми, е што голем дел од сопствениците не го регистрираат бизнисот и не плаќаат даноци. Трговската комора на Халкидики предупредува дека нелегалните изнајмувања создаваат нелојална конкуренција за локалните бизниси и бара воведување построги мерки.

Се бележат и случаи во кои цели автобуси со гости од земјите на сопствениците доаѓаат во истите куќи секоја година, при што се претставуваат како „роднини“ или „пријатели“, со цел да се избегне пријавување на приходите.

Грчките власти планираат усогласување на контролите со новиот систем за регистрација на влезови во Шенген-зоната, кој е во сила од 12 октомври. Според најавите, туристите би можеле да бидат прашувани за местото на престој уште при граничната контрола.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран