УТРО.мк

САД и Кина постигнаа договор: Трамп потпиша!

САД и Кина постигнаа договор: Трамп потпиша!
Vero

Трамп потпиша одложување за TikTok – САД и Кина постигнаа договор

Претседателот на САД, Доналд Трамп, издаде извршна наредба со која се одложува спроведувањето на законот од 2024 година што бараше американскиот дел од TikTok да премине во домашна сопственост. Новиот рок е до 16 декември, давајќи дополнителни 90 дена за завршување на преговорите со кинеската компанија „Бајтденс“, пренесува Ројтерс.

Истовремено, САД и Кина објавија постигнување на рамковен договор за иднината на TikTok во Америка. Американскиот министер за финансии, Скoт Бесент, потврди дека деталите ќе ги разгледаат претседателите Си Џинпинг и Доналд Трамп на средба закажана за петок. Кинескиот главен преговарач Ли Ченган нагласи дека Вашингтон треба да ја запре политиката на притисок врз кинеските компании.

Претходно, американските власти му зададоа рок на „Бајтденс“ до 17 септември да го продаде американскиот дел од TikTok. Новиот договор може да овозможи апликацијата да остане достапна за американските корисници, под контрола на Вашингтон.

TikTok со години е предмет на тензиите меѓу двете најголеми светски економии, а Конгресот минатата година забрани дистрибуција на апликацијата преку американските продавници, тврдејќи дека е „под контрола на странски противник“. Трамп повеќе пати го одложуваше рокот, предупредувајќи дека без согласност од Пекинг, апликацијата ќе биде блокирана во САД.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран