УТРО.мк

Шок за Русија: Зеленски ги одбил предлозите на Трамп?

Шок за Русија: Зеленски ги одбил предлозите на Трамп?
Vero

Лавров обвинува: Киев го одбил мировниот предлог на американскиот претседател 

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, тврди дека украинската влада ги одбила предлозите на американскиот претседател Доналд Трамп за мирно решавање на конфликтот во Украина.

Тој посочи дека Стејт департментот и американскиот специјален пратеник Стив Виткoф ја пренел проценката од самитот Трамп–Путин на украинската страна, но според Лавров, Киев „се обидува да ја саботира линијата на американската администрација“.

Лавров истакна дека и европските лидери, како и украинските власти, се обидуваат да го убедат Трамп да ги прекине своите мировни напори и да се врати на конфронтација со Русија. Според него, Европа „очајнички сака место на преговарачката маса“ но, поради својот одмазднички став и желбата за стратегиска победа над Русија, „нема што да бара во преговорите“.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран