УТРО.мк

Сериозни проблеми за Русија: Трамп одобри – како ќе реагира Путин на оваа одлука?

Сериозни проблеми за Русија: Трамп одобри – како ќе реагира Путин на оваа одлука?
Vero

Трамп одобри први пакети воена помош за Украина

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп одобри први пакети воена помош за Украина, кои наскоро може да почнат да се испорачуваат, пренесува Ројтерс повикувајќи се на извори. Помошта ќе се доставува преку нов систем кој овозможува снабдување од американските залихи со средства од земјите-членки на НАТО.

Помошникот на министерот за одбрана, Елбриџ Колби, одобри два пакета вредни по 500 милиони долари преку новиот механизам Prioritized Ukraine Requirements List (PURL). Целта е на Киев да му се обезбеди воена опрема во вредност до 10 милијарди долари, во време кога Трамп изразува фрустрација поради руски напади, и покрај неговите обиди за преговори.

Изворите наведуваат дека одобрената опрема вклучува системи за противвоздушна одбрана и противдронски технологии, приоритет поради интензивните руски напади со дронови и ракети. Еден од соговорниците на Ројтерс истакна дека овој проток на оружје веќе помогнал во стабилизирање на фронтовите.

Воени експерти оценуваат дека потребите на Украина остануваат слични како претходно – противвоздушна одбрана, пресретнувачи, ракетни системи и артилерија.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран