УТРО.мк

Калас ги повика земјите членки на ЕУ да ги поддржат санкциите против Израел

Калас ги повика земјите членки на ЕУ да ги поддржат санкциите против Израел
Vero

Калаc повика на поддршка за санкции против Израел

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калаc, повика земјите-членки на Европската унија да го поддржат предлогот за суспензија на трговскиот дел од Договорот за придружување со Израел, како реакција на израелските напади врз Газа.

Калаc истакна дека ЕУ е најголем трговски партнер на Израел, со размена од 42,6 милијарди евра во 2024 година, при што 37% од трговијата ужива преференцијален третман, што ја прави мерката значајна за Израел.

За спроведување на санкциите е потребно квалификувано мнозинство, но некои земји, вклучувајќи ја Германија, Италија, Чешка, Австрија, Унгарија и Бугарија, ја блокираат иницијативата. Калаc посебно ја истакна одговорноста на Германија, потенцирајќи дека запирањето на испораките оружје е позитивен, но недоволен чекор.

Таа оцени дека израелската офанзива доведува до зголемено разурнување и цивилни жртви, додека хуманитарната помош сè уште не е реализирана. Калаc нагласи дека прашањето за можна геноцидна акција треба да го утврдат меѓународните судови.

Во контекст на Украина, Калаc предупреди дека рускиот претседател Владимир Путин ги провоцира западните земји, користи дронови за напади на Полска и се обидува да предизвика поделби во ЕУ со цел да ја намали поддршката за Украина.

„Сега е на нас да одлучиме колку силно ќе одговориме и дали ќе им дозволиме да не тестираат“, заклучи високата претставничка.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран