На 16.09.2025 во 15:15 часот во СВР Тетово, 59-годишна жена од тетовско село пријави дека била измамена од Х.Н од тетовско и уште едно машко лице за сума од 500 евра. Според пријавеното, во текот на 2024 година тие ја довеле во заблуда дека ќе ѝ завршат работа да прима социјална помош – туѓа нега, но за тоа ќе треба да плати 500 евра. Како што е пријавено, таа спремила документи и на крајот на 2024 година добила решение со кое ѝ се одбива барањето, Исто така, според пријавеното, ги известила нив, но тие пак ја убедувале дека набргу ќе ги добие парите, по што го прекинале контактот со неа и таа сфатила дека е измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.