УТРО.мк

Скопје утре под удар на прекини со струја – повеќе населби ќе останат без електрична енергија со часови

Скопје утре под удар на прекини со струја – повеќе населби ќе останат без електрична енергија со часови
Vero

На 18 септември делови од главниот град ќе бидат без електрична енергија поради планирани технички зафати, информираат од електродистрибуција.

Според најавата, прекини ќе има во следниве скопски населби и села:
• Сарај – од 08:05 до 11:00 часот (села Рашче, Бојане, Копаница, Свиларе, Радуша, Кондово и дел од Волково)
• Таор – од 08:30 до 15:00 часот
• Кисела Вода – од 08:30 до 15:30 часот (дел од ул. Благоја Гојан и ул. Рилски Конгрес)
• Центар – од 09:00 до 12:00 часот (дел од ул. Коле Неделковски и дел од ул. Лениновa до градинката)
• Драчево – од 09:00 до 12:00 часот (ул. Домазетовска)
• Карпош – од 09:00 до 13:00 часот (дел од корисниците на ул. Осло) и од 09:00 до 15:00 часот (ул. Козле бр.149 и околни потрошувачи)
• Студеничани – од 09:30 до 12:00 часот (Герника 1, Драчево 1 и Речиште).

Надлежните апелираат граѓаните навреме да се подготват за планираните прекини.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран