УТРО.мк

Институтот за јавно здравје ги објави резултатите од вонредните анализи

Институтот за јавно здравје ги објави резултатите од вонредните анализи
Vero

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) вечерва ги објави резултатите од вонредните анализи спроведени по големиот пожар во магацин за отпад во скопското село Трубарево. Според денешните испитувања на примероци од вода и почва, не е утврдена радиоактивност, ниту присуство на опасни нивоа на тешки метали.

Како што информираат од ИЈЗ, е забележано зголемување на два параметра, бакар (Cu) и цинк (Zn), само на едно место – површинскиот слој каде што гореле литиумски батерии, но тоа е во рамки на очекувањата. Во сите останати испитани точки нема отстапувања од референтните вредности за вкупно 16 тешки метали, вклучувајќи олово, кадмиум, арсен, никел, живо и хром.

ИЈЗ истакна дека анализите биле извршени во најкус можен рок и ќе се повторуваат според предвидените протоколи. Институтот останува во континуирана координација со Министерството за здравство и со сите надлежни институции, а јавноста ќе биде редовно информирана за секоја наредна активност.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран