„Сме на улица 157 и можеме да констатираме дека атмосферската мрежа веќе е завршена и се поврзува со главната цевка на булеварот, и овој проблем е надминат за оваа улица.“ Ова го изјави кандидатот на ВЛЕН за градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити, во најновото видео објавено денеска од терен. Меџити исто така го потенцираше својот ангажман за успешно завршување на капиталните проекти што решаваат децениски проблеми за граѓаните на Чаир.

„Сме на улица 157 и можеме да констатираме дека атмосферската мрежа веќе е завршена и се поврзува со главната цевка на булеварот и овој проблем е надминат за оваа улица. Интензивно се работи и на новата водоводна мрежа, добар дел е веќе завршен. Им упатувам апел и на жителите од маалото да соработуваат, да имаат трпение со претпријатието кое работи за овие денови да се заврши и водоводната мрежа, а потоа следува и целосно асфалтирање, целосно осветлување на улицата и успешно ќе се затвори и овој дел од маалото на Гази Баба,“ изјави Меџити.

Овој проект, според Меџити, кој опфаќа целосна реконструкција на атмосферската мрежа, водоводот и подземната инфраструктура, јасно докажува дека тој заедно со својот тим се фокусирани на благосостојбата на граѓаните и трансформацијата на Чаир.

Меџити исто така нагласи дека само преку соработка со граѓаните и ангажман на институциите, Чаир ќе продолжи да се развива во уште помодерна и пофункционална општина, каде што секое маало ќе има достојни услови за живот.