УТРО.мк

Мицкоски: Идентификувани околу 20 лица за подметнување пожари

Мицкоски: Идентификувани околу 20 лица за подметнување пожари
Vero

Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека се идентификувани околу 20 лица за кои постојат основани сомневања дека стојат зад подметнувањето на пожарите. Тој детално зборуваше за координираната акција на институциите при денешната посета на Јегуновце.

– Видовте утрово, се појави снимка како се случува подметнување пожар во Пинтија. Видовте како дрско се подметнува пожар и тоа е само уште еден доказ за тоа што го зборувам цело време – истакна Мицкоски, додавајќи дека постојат центри на моќ кои се обидуваат да внесат страв и паника кај граѓаните пред изборите.

Премиерот посочи дека е во постојана комуникација со градоначалникот на Општина Кисела Вода, со министерот и со луѓето од Противпожарната единица. Во меѓувреме, во Скопје заседаваат врвните структури на МВР и во координирана акција со Министерството за животна средина ќе се постапува во следните денови.

– За жал, има структури кои на ваков начин се обидуваат да внесат нестабилност и немир, но ние чесно ќе работиме, ќе се бориме, и на крај повторно ќе победиме – изјави премиерот.

На иста тема утрово за Радио Лидер зборуваше и Орце Ѓорѓиевски.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран