УТРО.мк

Безбедно управување со велосипеди и е-тротинети – порака на Европската недела на мобилност

Безбедно управување со велосипеди и е-тротинети – порака на Европската недела на мобилност
Vero

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) ги започна активностите во рамки на кампањата по повод „Европската недела на мобилност 2025“, што традиционално се одржува секоја година од 16 до 22 септември.

Оваа година, фокусот е ставен на безбедноста на велосипедистите и возачите на електрични тротинети. Во соработка со Министерството за внатрешни работи и останатите партнери, РСБСП ќе реализира низа превентивно-едукативни настани, со цел учесниците во сообраќајот подобро да се запознаат со законските правила и начините за безбедно управување со овие превозни средства.

Велосипедите и е-тротинетите се сè почесто дел од алтернативниот транспорт во урбаните средини, а со тоа и важен сегмент на одржливата мобилност. Затоа, РСБСП ја поддржува основната порака на Европската недела на мобилност – промоција на модерен, безбеден и еколошки одржлив урбан транспорт.

„Ги повикуваме сите граѓани активно да се вклучат во настаните, да се информираат и да придонесат за побезбеден и похуман сообраќај во нашите градови. Заеднички да ја испратиме пораката дека почитувањето на правилата значи почитување на животот,“ порачуваат од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран