УТРО.мк

Царина заплени 204 банкноти и монети за колекционерски цели вредни 700 илјади денари

Царина заплени 204 банкноти и монети за колекционерски цели вредни 700 илјади денари
Vero

Царинските службеници на Меѓународниот аеродром Скопје заплениле 204 банкноти и монети за колекционерски цели, чија вредност е проценета на 700 илјади денари. Предметите биле откриени при контрола на патник, државјанин на САД, кој се упатил на зелениот канал со поголема количина пари.

Поради сомневање, патникот бил селектиран за детална контрола, при што во двата куфери и во торбите биле пронајдени банкнотите и монетите за колекционерски цели.

Против патникот е поведена соодветна постапка пред надлежен суд. Царинската управа апелира до сите патници да ја почитуваат законската обврска и да ги пријават вредносните предмети при влез и излез од државата.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран