УТРО.мк

Мицкоски: Целта на овие избори е ДУИ засекогаш да биде исфрлена од политиката

Мицкоски: Целта на овие избори е ДУИ засекогаш да биде исфрлена од политиката
Vero

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во гостување на Сител ТВ изјави дека суштината на претстојните локални избори е „ДУИ засекогаш да биде испратена надвор од политичката сцена“.

Тој ги коментираше кандидатурите на Левица за градоначалници во Тетово, Гостивар и Струга, обвинувајќи ја партијата дека со такви потези ѝ помага на ДУИ.

„Ако тие навистина сакаат да победат, а таму немаат ниту теоретски шанси, зошто не истакнат свој кандидат во Велес? Зошто токму во Тетово, Гостивар и Струга, каде што ниту тетовци, ниту гостиварци, ниту стружани нема да гласаат за ДУИ?“, праша Мицкоски.

Тој додаде дека на овој начин Левица ја намалува силата на анти-ДУИ гласовите и создава услови ДУИ да „исплива“ во првиот круг.

„Тоа ќе го препознаат граѓаните и веќе го препознаваат – нашата цел на овие избори е ДУИ да биде поразена и засекогаш испратена надвор од политичката сцена“, нагласи премиерот.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран