УТРО.мк

ВЛЕН: Затворена дивата депонија на ДУИ, на 19 октомври граѓаните ќе го затворат и политичкиот отпад

ВЛЕН: Затворена дивата депонија на ДУИ, на 19 октомври граѓаните ќе го затворат и политичкиот отпад
Vero

Коалицијата ВЛЕН утрово соопшти дека е затворена дивата депонија во Никуштак, срам наследен од владеењето на ДУИ, која со години го труела воздухот и здравјето на жителите на Липково и Арачиново. Оваа одлука, како што посочуваат, била овозможена благодарение на директното влијание на првиот вицепремиер Изет Меџити и вицепремиерот Арбен Фетаи, кои проблемот занемарен од ДУИ го ставиле како државен приоритет.

„ДУИ 20 години ги остави Албанците да живеат меѓу отпадот, додека самите се богатеа на нивен грб. Денес го затворивме нивниот отпад, но на 19 октомври граѓаните ќе ги затворат и политичките кариери на фосили на ДУИ“, порачуваат од ВЛЕН.

Тие истакнуваат дека Липково, Арачиново и секоја албанска општина повеќе нема да бидат гробишта од ѓубре, ниту од отпад, ниту од корупција, ниту од политичко предавство.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран