Во вчерашниот трагичен настан во Велес, животот го загубија три лица – 31-годишна жена, нејзиниот татко (74) и 39-годишен маж за кој постои сомневање дека е сторителот. Според првичните информации од полицијата, станува збор за двојно убиство по кое следело самоубиство.
Жената била пронајдена со повреди од остар предмет и веднаш пренесена во болница, каде им подлегнала на повредите. Непосредно потоа, во истиот дом бил пронајден починат и нејзиниот татко, исто така со повреди од остар предмет. Осомничениот маж бил пронајден со тешки повреди во пределот на вратот, а покрај обидите на медицинските екипи за реанимација, и кај него била констатирана смрт.
На местото на настанот интервенирале полициски екипи, Итна медицинска помош и јавен обвинител, а трите тела се пренесени на обдукција. Одземањето на докази продолжува, а истрагата е во тек.
Според надлежните, против осомничениот во минатото биле покренати постапки за семејно насилство, а неодамна му била изречена мерка за забрана на приближување до поранешната партнерка. Случајот бил во завршна фаза пред ескалацијата на трагедијата.