
Планирани прекини во снабдувањето со електрична енергија ќе има утре, 29 октомври, во делови од Скопје и во неколку села во околината.
Од 08:30 до 10:30 часот, без струја ќе биде дел од улицата „Борис Трајковски“, поточно реонскиот дел од „Новус Трејд“ до „Европа гуми“.
Од 09:00 до 15:00 часот, прекин ќе има во селата Дивље, Сушица, Живиње и Катлановска Сушица, поради замена на столбови на далекувод.
Во Гази Баба, од 11:25 до 14:25 часот, без електрична енергија ќе биде дел од улицата „Јани Лукровски“, поради работи во трафостаницата „Автокоманда 8“.
Во текот на денот, прекин е најавен и во делови од околината на Драчево, Гази Баба, Аеродром и Бутел, според распоредот за планирани интервенции.























