
Повеќе скопски населби и улици утре, 28 октомври, ќе останат без електрична енергија поради планирани прекини во снабдувањето.
Од 08:25 до 11:25 часот, без струја ќе бидат дел од улиците „Зеничка“ и „Коце Металец“ во Гази Баба, поради работи во трафостаницата „Железара 5“.
Во општина Аеродром, од 08:30 до 14:00 часот, прекин ќе има на улицата „Ѓорѓи Капчев“ и на адресата „Ѓорѓи Капчев 16“.
Од 09:00 до 10:30 часот, без струја ќе бидат дел од улицата 1 во Визбегово, дел од улицата „Камени Мост“ и околните објекти кај фирмата „Саманта Визбегово“, поради реконструкција на нисконапонската мрежа.
Во околината на „Дрводекор“ во Драчево, прекин е најавен од 09:00 до 15:00 часот. Од 11:00 до 12:00 часот, без електрична енергија ќе бидат и потрошувачите од улицата 532 во Марино.
Во Гази Баба, од 11:25 до 14:25 часот, струја ќе нема во дел од улиците „Душан Тасковиќ“ и „Тајмиште“, а во Кисела Вода од 12:00 до 14:00 часот е планиран прекин на улицата „Коста Новаковиќ“, од „ЗУР Маркет 5“ до крајот на улицата, кај салата на Јеховините сведоци.























