УТРО.мк

Руски државјанин уапсен во Бугарија – осомничен за катастрофалната експлозија во Бејрут!

Руски државјанин уапсен во Бугарија – осомничен за катастрофалната експлозија во Бејрут!
Vero

На 6 септември, на аеродромот во Софија, бугарските власти го уапсија Игор Гречушкин, човек со руско и кипарско државјанство, кој се враќал од Кипар. Гречушкин е директно поврзан со трагичната експлозија во Бејрут од 4 август 2020 година, кога магацин со амониум-нитрат во пристаништето детонираше и предизвика една од најголемите катастрофи во поновата историја.

Во експлозијата животот го загубија 218 лица, повеќе од 6.000 беа повредени, а голем дел од главниот град на Либан беше буквално разурнат. И покрај тоа што трагедијата ја потресе целата светска јавност, ниту еден либански владин претставник досега не е осуден за овој случај.

Бугарските власти веќе ги побараа потребните документи за Гречушкин, со цел да биде екстрадиран во Либан, каде што треба да одговара за една од најсмртоносните несреќи во светот во последните децении.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран