Доцна синоќа на улицата „Есперанто“ во скопската населба Влае изби пожар на еден патнички автомобил. Според снимките од местото на настанот, огнот зафатил и оградата на блиската куќа, која за среќа не била дополнително оштетена.
Причините за настанување на пожарот сè уште не се познати, а локацијата каде горел автомобилот е во близина на семејната куќа на премиерот Христијан Мицкоски.
Инаку, истата вечер во Пинтија, на авто-плац, намерно беа запалени неколку возила, што дополнително ја заостри ситуацијата со пожарите во Скопје.