Денеска (16.09.2025) во 02:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош опожарено е патничко возило „купра форментор“ со скопски регистарски ознаки, паркирано од Д.К.(32) од Скопје. Од пожарот е зафатено и паркирано патничко возило „шкода фабија“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Д.Б. (44) од Скопје. Од Бригадата за противпожарна заштита Скопје, пожарот е изгаснат, а повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.