УТРО.мк

Нова сезона на Лигата на шампиони стартува со дерби натпревари и огромни премии

Нова сезона на Лигата на шампиони стартува со дерби натпревари и огромни премии
Vero

Вечерва започнува новата сезона на фудбалската Лига на шампиони, по втор пат во новиот формат воведен минатата година, а титулата ја брани Пари Сен Жермен.

Наместо досегашните осум групи со по четири екипи, воведена е лигашка фаза со 36 клубови. Секој тим ќе одигра осум натпревари против ривали од четири различни шешири, што овозможува повеќе директни дуели меѓу европските гиганти уште во првата фаза. Реал Мадрид ќе се сретне со Ливерпул и Манчестер Сити, додека ПСЖ ќе игра против Барселона и Баерн.

Првите осум екипи по завршување на лигашката фаза директно ќе се пласираат во осминафиналето, додека следните 16 ќе играат во плејофот. Стартот на натпреварувањата носи дерби дуели: Челзи гостува кај Баерн, ПСЖ игра против Аталанта, Ливерпул го пречекува Атлетико Мадрид, а во четврток Њукасл ќе се сретне со Барселона, додека Манчестер Сити игра против Наполи.

Буџетот на новата Лига на шампиони изнесува 2,5 милијарди евра. Секој клуб учесник првично добил 18,6 милиони евра, додека дополнителни 835 милиони евра се поделени врз основа на маркетингот и историскиот рејтинг на клубовите. Средствата за освоени бодови изнесуваат 914 милиони евра, при што секој освоен бод носи 700 илјади евра, а победата 2,1 милион евра.

Пласманот во осминафиналето носи 11 милиони евра, четвртфиналето 12,5 милиони, полуфиналето 15 милиони, а финалето 18,5 милиони евра. Победникот добива дополнителни 6,5 милиони евра, како и 4,5 милиони за настап во Европскиот Суперкуп. Така, освојувачот на Лигата на шампиони може да инкасира скоро 90 милиони евра само од премии, без да се вклучат ТВ права, спонзорства и приходи од влезници.

Финалето на сезоната е закажано за 30 мај 2026 година на Пушкаш Арената во Будимпешта.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран