Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа објави дека американската војска повторно извршила напад врз брод што транспортира дрога од Венецуела, при што загинале три лица.
„Нападот се случи додека овие потврдени наркотерористи од Венецуела беа во меѓународни води, пренесувајќи нелегални дроги кон САД“, напиша Трамп на Твитер, додавајќи дека овие картели претставуваат закана за националната безбедност, надворешната политика и виталните интереси на САД.
Трамп истакна дека нападот се случил вчера, додека слична акција беше извршена пред две недели, при што загинаа 11 лица.
САД го оправдаа претходниот напад како неопходна ескалација за да се запре протокот на дрога во земјата. Сепак, неколку американски сенатори, вклучувајќи демократи и републиканци, ја доведоа во прашање легалноста на акцијата и ја критикуваа употребата на војската за цели на спроведување на законот.