УТРО.мк

Катар: Израелската агресија нема да ги стопира мировните напори во Газа

Катар: Израелската агресија нема да ги стопира мировните напори во Газа
Vero

Катар остро го осуди израелскиот воздушен напад во Доха на 9 септември, при кој загинаа шест лица, меѓу нив и катарски безбедносен офицер. Премиерот и министер за надворешни работи, Мохамед бин Абдурахман Ал Тани, изјави дека „варварските практики“ нема да ја спречат земјата да продолжи со посредничките напори за прекин на војната во Газа, заедно со Египет и САД.

Тој предупреди дека нападот може да ги загрози преговорите за примирје и ослободување на заложници, кои со месеци се во застој. Во Доха се одржа состанок на шефовите на дипломатиите од Арапската лига и Организацијата за исламска соработка, како подготовка за вонредниот самит закажан за 15 септември.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран