УТРО.мк

Машината за садови мириса непријатно? Еве како да ја освежите за 10 минути

Машината за садови мириса непријатно? Еве како да ја освежите за 10 минути
Vero

Доколку садовите и по миењето имаат непријатен мирис, причината најчесто не е во таблетите или температурата, туку во филтерот. Тој собира остатоци од храна и бактерии, а кога ќе се запуши, задржува влага и создава услови за непријатни мириси кои се пренесуваат и на чистите садови.

Зошто настанува мирисот?
– застојана вода во филтерот,
– насобрани маснотии и талог,
– ретко чистење на машината.

Како се чисти филтерот?
Извадете го од дното на машината, исперете го под млаз вода, исчистете со детергент и четка, а потоа повремено потопете го во раствор од оцет или сода бикарбона. Еднаш месечно пуштете празна програма на висока температура со чаша оцет или сода.

Превенција:
– отстранувајте поголеми остатоци пред миење,
– чистете го филтерот најмалку еднаш неделно,
– оставајте ја вратата од машината полуотворена по миењето за да се исуши.

Со редовно одржување, непријатниот мирис ќе исчезне, а машината ќе трае подолго.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран