Грчката крајбрежна стража во последните 48 часа донела околу 800 мигранти на Крит и островот Гавдос, најчесто млади мажи од Северна Африка кои тргнале од либиското пристаниште Тобрук.
Привремениот камп кај Хања е преполн и со тешки услови – недостиг од санитарии, клима-уреди и основна нега, што довело до ширење болести и тензии меѓу мигрантите.
Службениците предупредуваат дека ситуацијата е „надвор од контрола“ со само еден припадник на стражата на 100 лица. Владата најави дека во понеделник дел од мигрантите ќе бидат префрлени на копното.