Овен
Ви претстои поволна фаза за стабилизација на работата. Можно е ново познанство со големо значење за вашата љубовна иднина. Прошетка ќе ви годи.
Бик
Работните обврски ви создаваат притисок, па поддршката од колегите е неопходна. На емотивен план е можен момент на разочарување. Здравјето е стабилно.
Близнаци
Успешен ден за решавање на клучни деловни прашања. Слободните можат да очекуваат интересни љубовни случувања. Внимавајте на забите.
Рак
Одредени околности го забавуваат вашиот напредок. Сепак, ве очекува возбудливо познанство што може да донесе искрени емоции. Одморете повеќе.
Лав
Ќе добиете прилика да го изразите своето мислење и да најдете компромис со саканата личност. Денот е поволен за подобрување на односите. Пијте повеќе течности.
Девица
Потребни ви се трпение и упорност за остварување на деловните цели. Во љубовта чувствувате монотонија и желба за промени. Не се преоптоварувајте.
Вага
По бурен период, доаѓа време на смирување. Љубовниот живот се стабилизира, а пред вас е поволен период за нови емоции. Внимавајте на нискиот притисок.
Шкорпија
Не сте задоволни со деловната состојба, а емотивните промени ве збунуваат. Можно е пад на имунитетот, па внимавајте на здравјето.
Стрелец
Се двоумите околу важни одлуки и работното место. Ќе запознаете личност која ќе посака сериозна врска и ќе ви возврати на чувствата. Внимавајте на дишните патишта.
Јарец
Не брзајте со одлуки – имате време за размислување. Во бракот може да се појави желба за проширување на семејството. Чувствителни органи за варење.
Водолија
Работните предизвици ве зацврстија, но во љубовта сте разочарани. Емоциите се во застој. Заморот може да предизвика здравствени проблеми.
Риби
Ве очекува тежок ден со деловни компликации. Грижата за работата влијае врз односите со саканата личност. Здравјето е во неповолна фаза.