УТРО.мк

Македонското друштво „Илинден“-Тирана со резолуција за правата на Македонците во Албанија

Македонското друштво „Илинден“-Тирана со резолуција за правата на Македонците во Албанија
Vero

Македонското друштво “Илинден“-Тирана потврдувајќи го учеството на Конгресот на Федералната унија на европски националности (ФУЕН) најави дека ќе предложи Резолуција за унапредување на правата на Македонците во Албанија.

Годинашниот 69. Конгрес на ФУЕН ќе се одржи од 23 до 26 октомври во Болзано, Јужен Тирол, Италија. Нашето друштво е рамноправен член на ФУЕН од 16 мај 2015 година и е дел од Работната група на словенските малцинства при Унијата. Од тогаш редовно учествуваме на сите одржани конгреси, рече за МИА Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото.

Според него, домаќин ќе биде Јужнотиролската народна партија членка на ФУЕН. Се очекува да присуствуваат претставници на автохтоните национални малцинства, националности и јазични групи од цела Европа.

Конгресот ќе се фокусира на дискусии за актуелните случувања во политиката на малцинствата, средбите со регионот домаќин и неговите модели за заштита на малцинствата, како и идниот развој на ФУЕН. Ние како друштво ќе предложиме Резолуција за унапредување на правата на македонското национално малцинство во Албанија, додава Ѓурѓај.

Посочи дека домаќинот, Јужнотиролската народна партија ги застапува интересите на населението во Јужен Тирол, регион познат низ цела Европа по својата јазична и културна разновидност, а кој често се нарекува „мала Европа во Европа“.

Федералната Унија на европски националности, нагласува тој, годинава одбележува 75 години постоење и понатаму „останува главен застапник за правата на малцинствата во Европа“.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран