Во рамки на акцијата „Координата“, албанската полиција денеска во округот Скадар откри и уништи 9.317 стебла марихуана. Само оваа недела, во регионот биле пронајдени и запалени над 22 илјади стебла – дел во Вау те Дејас, а дел во Голема Малесија, најчесто на тешко достапни шумски терени.
Според соопштението, полицијата идентификувала поголем број одгледувачи, 14 лица се приведени, а по други се трага.
Во изминатиот месец биле уништени 23.200 стебла марихуана, запленети 340 килограми наркотична супстанца во форма на топчиња, 17 килограми пресувани плочи, 1,2 килограми со висок процент на ТХЦ, како и 22,5 литри масло од канабис.
Акцијата продолжува со цел целосно откривање и гонење на нелегалните производители.