УТРО.мк

Лишени од слобода возачи од Виница и Вевчани, во два одвоени случаи со возила удриле во две лица кои претходно излегле од возилата кои ги управувале, едното лице починало

Лишени од слобода возачи од Виница и Вевчани, во два одвоени случаи со возила удриле во две лица кои претходно излегле од возилата кои ги управувале, едното лице починало
Vero

На 13.09.2025 околу 17:20 часот во ОВР Виница е пријавено дека во круг на бензинска пумпа во Виница, товарно возило „ман“ со винички регистарски ознаки, управувано од С.С.(54) од Пробиштип, удрило во Љ.П.(72) од Пробиштип, кој претходно излегол од паркирано товарно возило „сканија“ со винички регистарски ознаки. По несреќата Љ.П. е пренесен во Општата болница Кочани, каде што лекар констатирал смрт. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Виница и јавен обвинител, по чија наредба околу 20:10 часот возачот С.С. е лишен од слобода поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ по член 300 од Кривичниот законик.

На 13.09.2025 околу 20:30 часот во ОВР Струга е пријавено дека на регионален пат кај клучка за с.Подгорци, патничко возило „фолксваген поло“ со вевчански регистарски ознаки, управувано од Д.К.(42) од с.Вевчани, струшко удрило во И.Ф.(48) од Неготино, кој претходно излегол од неговото возило. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил И.Ф., констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.

Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Струга и јавен обвинител, по чија наредба околу 22:45 часот возачот Д.К. е лишен од слобода поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ по член 300 од Кривичниот законик.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран