УТРО.мк

Меџити: Преземени итни мерки за заштита на граѓаните по пожарот во Трубарево

Меџити: Преземени итни мерки за заштита на граѓаните по пожарот во Трубарево
Vero

Министерството за животна средина и просторно планирање, предводено од првиот вицепремиер и министер Изет Меџити, соопшти дека се преземени итни мерки за заштита на здравјето на граѓаните по пожарот што избувна во магацинот за електронски отпад на „Ф-групација“ во Трубарево.

Во координација со Институтот за јавно здравје, Кризниот штаб на Владата и Државниот инспекторат за животна средина, донесени се следниве активности:
• До Институтот за јавно здравје е доставено барање за анализа на вода од бунари што ги користат домаќинствата во близина на опожарениот магацин;
• Министерството издаде забрана за пристап и движење на локацијата на пожарот;
• Во наредните седум дена акредитирана лабораторија ќе врши 24-часовен мониторинг на квалитетот на амбиентниот воздух;
• До Основното општинско училиште „Крум Тошев“ во Трубарево е испратена препорака за ограничување на движењето на учениците на отворено сè до стабилизирање на состојбата.

„Апелираме до граѓаните внимателно да ги следат официјалните соопштенија и да ги почитуваат насоките од надлежните институции со цел заштита на сопственото здравје и здравјето на нивните најблиски,“ порача Меџити.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран