УТРО.мк

Илон Маск: “Или ќе се борите, или ќе умрете”

Илон Маск: “Или ќе се борите, или ќе умрете”
Vero

Илон Маск повика на „борба или смрт“ на крајно десничарски митинг во Лондон

Илон Маск се обрати на крајно десничарски митинг во Лондон на 13 септември, повикувајќи на распуштање на Парламентот и промена на власта во Велика Британија. Маск се јави преку видео-повик и говореше пред илјадници присутни, напаѓајќи го „woke вирусот на умот“ и предупредувајќи дека „или се борите, или умирате“.

„Мора да се случи промена на власта во Британија, не можеме да чекаме уште четири години. Потребно е распуштање на Парламентот и нови избори“, порача Маск. Тој ја обвини левицата за насилство, повикувајќи се на убиството на Чарли Кирк, и ја нарече „партија на убиства“.

Овој настап не е првпат Маск да се вклучува во британската политика; претходно критички се јавуваше околу Законот за онлајн безбедност од 2023 година и имаше блиски контакти со Најџел Фараж.

На митингот се собраа повеќе од 110.000 луѓе, а против него протестираа околу 5.000 антирaсистички контрадемонстранти. Меѓу говорниците беа и британската публицистка Кејти Хопкинс и францускиот крајно десничарски политичар Ерик Земур.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран