УТРО.мк

Расте загриженоста во Германија: 62% се плашат од руски напад врз НАТО, мнозинството поддржува казнени мерки против Москва

Расте загриженоста во Германија: 62% се плашат од руски напад врз НАТО, мнозинството поддржува казнени мерки против Москва
Vero

Според најнова анкета, 62% од Германците се загрижени дека Русија би можела да нападне земји-членки на НАТО, како Полска или Литванија. Само 28% не го делат овој страв, а 10% не дале конкретен одговор.

Анкетата следи по рускиот напад врз Украина и инцидентот со дронови во полскиот воздушен простор, што предизвика активирање на НАТО-силите. Воени извори предупредуваат дека сè уште не е јасно дали се работи за случаен инцидент или тест на одбраната на Алијансата.

Истовремено, мнозинството Германци поддржуваат построги економски мерки против Москва: 49% се за прекин на испораките на руски гас и нафта за ЕУ, а 51% сметаат дека замрзнатите руски средства во Европа треба да се искористат за поддршка на Украина.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран